Стоматолошката лабораторија за научноистражувачка работа функционира во рамки на Факултетот за медицински науки (Кампус 3) на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Катедра за орална и максилофацијална хирургија и дентална имплантологија. Oпремена e со финансиска помош од страна на Министерството за образование и наука и Владата на РМ во рамките на проектот за опремување на научноистражувачки лаборатории.
Лабораторијата располага со опрема која служи за изработка и анализа на најсовремени стоматолошки и протетски изработки.