Преку соодветно користење на опремата за реализација на експериментални и клинички научноистражувачки испитувања во состав на научноистражувачки проекти, специјалистички и магистерски трудови во состав на вториот циклус академски студии, како и изработка на докторски дисертации на идните докторанди, студенти на третиот циклус студии, започнатa е да се остварува основната придобивка – обезбедување на квалитетна и соодветна здравствена услуга, поткрепена врз научна основа од којашто ќе се дефинираат и оформат работни стоматолошки протоколи.
Оформувањето на Лабораторијата за стоматолошка научноистражувачка работа има за цел да ја зголеми, подобри и зајакне соработка на Факултетот за медицински науки со јавните и приватни здравствени организации кои имаат регистрирано стоматолошка и заботехничка здравствена дејност, како и зајакнување на соработката помеѓу универзитетите и стоматолошките факултети.
Лабораторијата има за цел да врши оспособување и усовршување на млади научни работници од земјава и во странство преку размена и зголемување на искуства на персоналот на лабораторијата со кратки престои во земјава и во странство.
Создавање на медиуми за информирање на јавноста за работата на Лабораторијата, користејќи ги можностите на Универзитетот, преку своја веб-страница, Универзитетското радио и ТВ и печатени средства.
Со набавка и опремување на потребните апарати Лабораторијата ќе прерасне во реномирана лабораторија за анализа и изработка на современи стоматолошки реставрации во Република Македонија. Со ова ќе се потврди основната цел за прераснување во рамноправен партнер на клиничките и научноистражувачки тимови, коишто заедно претставуваат научна база и целина за изведување клинички и експериментални истражувања. Ваквиот приод и поставување на лабораторијата на научно ниво претставува: