За лабораторијата



Лабораторијата за стоматолошка научноистражувачка дејност има научноистражувачка, едукативна и апликативна дејност на повеќе научни стоматолошки области: реставративна стоматологија, стоматолошка протетика, стоматолошки ласер терапија, гнатологија, орална хирургија, ортодонција и дентална имплантологија.

Лабораторија им е достапна на студентите во наставниот процес од прв, втор и трет циклус студии, односно се користи во процесот на изработка на специјалистички теми на студиите од втор циклус, магистерски теми и докторски дисертации, како и за научни работници кои сакаат да работат на научни истражувања и научноапликативни проекти од областа на стоматологијата и стоматолошки материјали.

Лабораторијата ќе биде вклучена во континуирана стоматолошка едукација на кадри во рамките на националните и меѓународните програми од областа на дентална медицина и забната техника.


Раководител на лабораторијата:

проф. д-р Цена Димова

 

Соработници:

ас. д-р Киро Папакоча
ас. д-р Јулија Заркова
ас. д-р Катерина Златановска
лаборант - забен техничар Кирил Митевски
лаборант – забен техничар Павле Апостолоски