CAD/CAM системот претставува револуција во изработката на забните надоместоци, а се темели на компјутерските 3D програми. Таквиот состав го одликува овој систем со голема прецизност на изработката на конструкциите којашто во целост ја исклучува можноста за човечка грешка.
CAD-CAM систем
CAD/CAM технологијата претставува процес со кој од готови керамички блокови со процес на прецизно глодање добиваме готови забни надоместоци (фиксни стоматолошки реставрации). CAD/CAM системот се состои од 3D скенер, компјутер со софтвер кој е оспособен да ги планира и пресметува изгледот и формата на надоместокот. Режачот како составен дел од овој апарат е дел во кој се врши глодањето на материјалот со помош на специјални фрези за таа намена. Режачот е способен за 3D моделација со помош на пет оски на движење.
Скенер и компјутерски систем за анализа на скенирани гипсени модели
Скенер за анализа и скенирање на гипсени модели
Проектирање на фиксни стоматопротетски конструкции
Систем за глодање (режење) на метални, циркониумски и пластични протетски конструкции
Печката за синтрање е апарат и дел од овој систем, кој служи за зголемување на цврстината на циркониумските конструкции, постигнува температура од 1.500°С и за период на синтрање од околу 12 часа.
Со овој систем се постигнува:
- Целосно автоматско скенирање од отворен тип, компјутерско моделирање и проверка на загриз;
- Можност за скенирање на целата површина на забното трупче, вклучувајќи и тангенцијални препарации;
- Можност на софтверот за скенирање и автоматско елиминирање на подминирани места;
- Можност за скенирање и на восочни конструкции;
- Податоците од скенирањето имаат голема прецизност потребна за режење (5 оски);
- Документирање на сите податоци и параметри, вклучувајќи го и процесот на синтрање;
- Можност за работа со повеќе типови на материјали, структурирана и глас керамика, цирконија (тврда и мека), метал легури и титаниум, акрилати за привремени коронки и конструкции за леење;
Скенирање и режење на атечмени, супраструктури, инлеи, онлеи, коронки (капици, целосно анатомски, телескоп), мостови (и Мериленд мостови) и големи конструкции (целосни цикуларни мостови).
Печка за синтрање на циркониумски стоматопротетски конструкции