Апарат за дигитално одбирање на боја - интраорален дентален спектрофотометар


SpectroShade™ Micro преставува апарат – стоматолошки уред и компјутерски пософистициран, контролиран спектрофотометар за определување на бојата на забите во стоматологијата. Тој е лесен за користење и е компатибилен со Microsoft Windows 2000, како и повисоки верзии. Има две дигитални камери поврзани со LED светло. Апаратот содржи оптички водич на бранови преку кого боите се спроведуваат заедно. Ова е поделено на два водачи на бранови со што се олеснува конвергентноста на симетричното осветлување на тест објектот.



Сликата на тест-објектот е осветлен со обоената светлина, потоа се одразува врз специјално црно/бел CCD сензор кој се наоѓа на крајот од леќата. Опишаниот системе толку напреден што ги мери спектрометричките податоци и ги покажува сликите со перфектни слика за бојата само црно/бел CCD сензор. CCD сензорот ги мери податоците во видливиот спектар од 400 нм до 700 нм.



Со овој апарат измерената боја не зависи од осветлувањето во просторијата во која се одвива мерењето или пак други фактори од околината кои би влијаеле на нашата перцепција. Тој ја дава најблизу еднаквата нијанса со вистинската боја на забот преку слика од која можат да се добијат нумерички податоци за нејзината вредност за особините hue, value и chroma кои преку соодветен патентиран софтвер можат да се обработуваат на компјутер. За секоја снимена слика внатрешниот компјутер ја анализира во повеќе од 2 милиони референтни точки и е во состојба да го контролира сите функции на системот. Во боја, снимената слика е прикажана на LCD екранот со висока резолуција. Пренесувањето на податоците може да се оствари преку USB кабел, преку wireless LAN или SD картичка или пак да се пратат по електронска пошта или да се печатат. Една слика се однесува само на еден измерен заб и притоа дава преку 2 милиона податоци за истата. Овој спекторфотометар е лесно пренослив и лесен за употреба и покрај тоа податоците можат да се обработуваат и директно во него, бидејќи има вграден микрокомпјутер со линокс систем и екран осетлив на допир. Во состав со него влегува и полнач, бидејќи може и безжично да се користи, подлога за калибрација со зелена и бела керамичка плочка и додатоци за орална апликација кои можат да се стерилизираат.