Системот е составен од неколку апарати со кои се изработуваат протетски конструкции коишто се биокомпактабилни и не ја надразнуваат слузокожата во устата на пациентот.
Изработката на протези со овој Eclipse систем е револуционерен нов метод за правење протези и се базира на процес на светлосна полимеризација.
Со Eclipse изработката на протези е крајно поедноставена, за разлика од класичниот метод на изработка на мобилни конструкции. При фазите на изработка наместо да се користи восок протезите се моделираат во три фази со употреба на Eclipse смола (основна плоча, поставување и контура смола).