Компјутерски систем за анализа на денталната оклузија со T-Scan анализа


T-Scan е дијагностички уред од трета генерација кој служи за снимање на силата на загризот, неговата динамика, оклузалните сили, локацијата на контактите меѓу забите. Тој претставува патентиран компјутеризиран анализатор кој користи сензорна технологија, лесен за транспорт и употреба, и особено прифатлив за пациентите. Користи ултратенки сензорни хартии во форма на дентален лак, кои можат неколку пати да се употребат, но само кај истиот пациент. Евалуацијата на сите оклузални сили компјутерски се анализираат со соодветен софтвер во боја, во тридимензионална или дводимензионална варијанта.