Хируршки физиодиспенсер (INTRA SURG 300 – KAVO)


Хируршки електричен мотор – кој е наменет за поставување на дентални импланти и други интервенции од оралната хирургија, како што се апикотомии хируршко отстранување на импактирани заби. Неговиот ергономичен и професионален дизајн дозволува програмите кои ни се потребни да се подготват претходно, во зависност од интервенцијата, како и да се менуваат во текот на истата со педала која е едноставна за употреба. Производител е Каво од Германија кој моментално е светски лидер за производство на стоматолошка опрема.